За да не биде украдено црковното ѕвоно од храмот „Свети Атанасиј“ на тетовското Кале се носи од градот, се поставува и користи само за празници, по што се враќа на безбедно место во Тетово.
Оваа практика црковниот одбор ја прави веќе со децении, како начин на превенција од кражба на ѕвоното, а поучени од честите кражби и сквернавења кои се правеа подолг период по 2001 година. Црквата се наоѓа на ридот Балтепе покрај тврдината од османлиско време во дел каде што нема население.
-На секој празник Свети Атанасиј ѕвоното се носи со возило, дента се враќа од причини што не сме сигурни дека ќе се остане таму како и поради чести кражби што порано таму ги имаше. Ова е превентивна мерка, ѕвоното е скапа работа чини неколки илјади евра, нема потреба да се ризикува да биде украдено. Поради честите кражби, оштетувања и сквернавења што ги имаше порано сега е поставен и систем за надзор и заштита. Често пати се правеа освен кражби се правеа и оштетувања на црковниот објект што претставува сквернавење на храмот, велат од црковниот одбор.
Ѕвоното во црковната Богослужба се употребува за време на отслужување на празничните Литургии кога со биењето се означуваа посебен дел од литругијата. Вчера црквата го прослави патрониот празник Свети Атанасиј.