ноември 24, 2024

Човечки труп извлечен од водите на Вардар кај Долно Лисиче, Скопско

Во СВР Скопје, вчера, околу 12.44 часот, е пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.

Како што соопшти МВР, од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Read Previous

Николоски во „Детектор“: Први на Балканот донесовме антикризен пакет, а Светска банка нотираше дека имаме најдобри мерки во регионот

Read Next

Седечкиот живот убива – oткриено едноставно решение