Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Тунис со 28:33 во второто коло од Групата-2 во Президент купот на Светското првенство во Полска/Шведска.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров лошо го отворија резултатот со 0:5. Следуваше нешто подобра игра, во финишот се дојде на 14:15 з ана одмор да се оди со резултат 14:16 за Тунис.
Во второто полувреме резултатот беше изедначен во неколку наврати, а некаде на средината Македонците поведоа со 21:20. Оттогаш, Тунис повторно влезе во ритам и до крај не го испушти водството.
Најефикасен во македонскиот состав беше Филип Кузмановски со осум голови. Во последниот натпревар од групата, Македонија ќе се сретне со Мароко. На другиот натпревар од 2. коло, Мароко го победи Алжир со 28:27.