ноември 23, 2024

Протест пред владата против убиствата на бездомни кучиња

Под мотото „Не сте безбедни во својата држава! Ајде да пробаме по наше!“ , невладини и граѓани револтирани од последните свирепи убиства на кучиња, се собраа на протест пред Владата. Излегоа со транспаренти, свирежи и канти со црвена боја – која ја симболизираше крвта на убиените животни. Побараа одговорност, но и предложија мерки со кој ќе се спречат нови масовни убиства на бездомни животни, како и се почестите каснувања на граѓани од гладните и исплашени улични кучиња.

 Протестот се одржaa неколку дена откако во Струга среде бел ден човек со пушка затрела десетина бездомни кучиња. Снимката од овој громорозен чин стана вирална на социјалните мрежи што предизвика бура од реакции во јавноста, но и ги подели граѓаните за тоа дали ова е начин за справување со агресивните кучиња.

Се побројни се пријавите во полиција на граѓани каснати од кучиња – Во Скопје во само еден ден имало 11 вакви случаи.

Премиерот Димитар Ковачевски, неколку часа пред протестот кажа дека веќе му дал насоки на министерот за земјоделство Љупчо Николовски да подготви нов Закон за миленици, во кој ќе бидат опфатени долгогодишните барања на организациите за заштита на животните, кои според него се легитимни.

извор: Телма

Read Previous

Откриено е што треба да направат македонските граѓани за да бидат фини како Финците, најсреќниот народ на светот во 2022 година

Read Next

Приведен малолетник кој извршил две кражби