ноември 24, 2024

Скопјанецот ги убил мајка си и баба си, па легнал да спие – утрото ѝ кажал на матичната што направил

Осомничениот, кога се разбудил по убиството, отишол во домот на својот чичко за да го убие и него, но не го пронашол

Двојното убиство во Скопје, за кое вчера информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), всушност, се случило претходната ноќ меѓу 10 и 11 јануари. Сторителот, кој со нож ги избол своите мајка и баба, откако го извршил убиството, легнал да спие.

Вчера кога се разбудил се осигурил дали се мртви, па тргнал да го бара и својот чичко за да го убие. Откако не го пронашол, отишол кај матичната лекарка и ѝ кажал што направил.

Ваквите детали денеска ги објави Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, кое отвори истрага.

„При вршење семејно насилство, во семејниот дом на улицата ‘Франклин Рузвелт’, осомничениот ги лишил од живот сопствените мајка и баба нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Откако ги убил, ноќта меѓу 10 и 11 јануари, тој легнал да спие. Утрото на 11 јануари проверил и се осигурил дека двете жени се починати, по што се упатил кон домот на својот чичко со намера и него да го убие. Чичко му не бил дома, по што осомничениот отишол кај матичната лекарка и ѝ кажал дека ги убил мајка си и баба си“,

велат од ОЈО Скопје.

За осомничениот тие побарале судот да му одреди притвор поради опасноста од бегство, но и од ново кривично дело, со оглед дека му се заканувал и на својот чичко.

Двојно убиство во стан на „Рузвелтова“: Скопјанец си ги убил мајка си и баба си

извор : 360

Read Previous

Масакар на децениски стари дрва во Аеродром, „Елена Лука“ ќе гради нова зграда, обвинува Зелен хуман град

Read Next

Дебарско лани „се поднови“ со 140 бебиња, повеќето се родени во болниците во Струга и Охрид