November 28, 2026

Земјотрес од 4 степени ја потресе Грција, почувствуван и во Битола и Охрид

Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја потресе Грција, а потресот бил почувствуван и во Македонија.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил регистриран во 8:47 часот, со епицентар на 140 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Битола, Охрид и околните населени места, со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале потресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност, со што ќе придонесат во сеизмолошките истражувања.

Read Previous

Ограбена златарница во центарот на Куманово

Read Next

Построги услови за купување на друг стан, доколку веќе имате еден – ова се новите правила кои ќе стапат во сила од 1. декември