Ексдиректорот на Царина, Драган Даравелски кој раководеше со управата од 1999 до 2002 година, а кој се бараше по меѓународна потерница е фатен денес на Граничниот премин Табановце. Информацијата за МКД.мк ја потврдуваат од МВР и додаваат дека лицето ќе биде предадено на затворска установа.
Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, во март, 2016 година беше уапсен во Србија по распишана потерница од страна на македонските власти.
Даравелски е осуден во Македонија со правосилна судска пресуда дека како директор на Царинската управа (1999-2002) проневерил 2,5 милиони евра.