Real Madrid’s head coach Carlo Ancelotti, left, and his team attend a training session ahead of the Champions League group D soccer match between Shakhtar Donetsk and Real Madrid at the Olimpiyskiy Stadium in Kyiv, Ukraine, Monday, Oct. 18, 2021. (AP Photo/Efrem Lukatsky)
Реал Мадрид, во саботата, загуби од Виљареал и остана без двајца важни играчи. Давид Алаба и Орељан Чуамени. Чуамени пред време го заврши натпреварот на „Ел Мадригал“, додека Алаба беше на теренот во текот на сите 90.минути.
Клубот информира дека повредите не се многу сериозни, но дека и покрај тоа двајцата ќе паузираат околу три недели. Во овој период Реал има исклучително тежок распоред.
Во среда во Ријад ќе игра против Валенсија, во полуфиналето на Суперкупот. Доколку победи, во недела ќе го игра финалето против Барселона или Бетис.
Потоа „кралскиот клуб“ ќе ги има дуелите со Атлетик Билбао и Реал Сосиедад во првенството и Виљареал во Купот на Шпанија.
Јасно е дека на позицијата на која игра Алаба ќе застане Антонио Ридигер, додека во редот за врска крај Модриќ и Крос ќе игра Валверде, додека Анчелоти ќе треба да реши кој ќе игра по десната страна во нападот.