Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска го приреди традиционалниот божиќен ручек за државниот врв.
На традиционалниот божиќен ручек присуствуваа претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, секоја година организира божиќен ручек по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.
– На божиќниот ручек којшто традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот присуствуваше претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА, соопшти Кабинетот на Пендаровски.