ноември 23, 2024

Во САД одобрен лек за Алцхајмеровата болест

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) го одобри лекот за Алцхајмеровата болест „Џакенемаб“ (Jekanemab) развиен од јапонската компанија „Еисаи и Биоген“ (Eisai Co Ltd и Biogen Inc), за пациенти во раните стадиуми на болеста, поради што пациентите ја губат меморијата.

Лекот, што ќе се продава под името „Лекемби“, е препарат што треба да ја забави прогресијата на тешката невродегенеративна болест со отстранување на лепливи наслаги на токсичниот протеин бета амилоид од мозокот.

„Еисаи“ најави дека лекот ќе биде пуштен во продажба по цена од 26.500 долари за едногодишен третман.

Read Previous

СДСМ: Предвремени избори нема да има, Мицкоски е заложник на Груевски и Апасиев

Read Next

Мицкоски: Предвремени избори во мај, уставните измени се предавство