СДСМ: Предвремени избори нема да има, Мицкоски е заложник на Груевски и Апасиев

СДСМ одговори на барањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори. Во соопштението се вели:

„Ништо не е променто кај Мицкоски. Ја започна годината исто како што ја заврши и како што ја тераше цела мината 2022 година. Мицкоски нема став за ниту едно важно државно или стратешко прашање, само седи на страна, во неизвесност за својата фотелја во Белиот дворец и лелека за избори.Предвремени избори нема да има“. Вакви пораки испраќаат од СДСМ во писмена реакција до медиумите, а во врска со денешната изјава на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски дека се потребни предвремени избори, а уставните промени ги нарече „предавство“.

„Мицкоски во 2024 година го очекува 7-от и 8-от последователен пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавните лелекања на Мицкоски, ниту пак неговите фабрикувани лаги за ново мнозинство, не можат да ги спречат реоформите ниту напредокот на земјата.

Членството во ЕУ со признаен македонски јазик и идентитет е врв на патриотизам и исполнување на стратешка цел поставена од независноста.

Предавство е да се лаже својот народ, да се блокира европскиот пат и признавањето на македонскиот јазик и идентитет во големото семејство на европски народи“, велат од СДСМ.

„Мицкоски останува заложник на Апасиев и во сенка на Груевски, го лаже народот дури и на Божиќ.

СДСМ продолжува со реформскиот курс, со економски политики за раст на платите и пензиите и заштита на стандардот на граѓаните, продолжува со инвестициите и со чекорите за полноправно членство во ЕУ“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Read Previous

Хакиран Твитер, украдени податоци од 200 милиони корисници, тврди експерт за компјутерска безбедност

Read Next

Во САД одобрен лек за Алцхајмеровата болест