ноември 23, 2024

Хакиран Твитер, украдени податоци од 200 милиони корисници, тврди експерт за компјутерска безбедност

Хакери ги украле адресите на е-пошта на повеќе од 200 милиони корисници на Твитер и ги објавиле на форум за хакерство на интернет, изјави експертот за компјутерска безбедност Алон Гал.

Гал рече дека оваа кражба ќе доведе до голем број напади и обиди за измама на сопствениците на тие адреси и дека ова е едно од најголемите „протекувања“ што ги видел.

Гал е ко-основач на израелската фирма за сајбер безбедност „Хадсон“.

Твитер не го коментираше овој извештај, ниту пак одговори на прашањата за наводната кражба на податоци.

Информациите за хакерскиот напад првпат се појавија на 24 декември. Не е познато дали социјалната мрежа презела нешто или покренала истрага по ова прашање.

Ројтерс не можеше да ја потврди автентичноста на податоците на споменатиот форум, односно дали потекнуваат од Твитер.

Read Previous

Пронајдена почината жената од Пинтија по која трагаше нејзиниот син

Read Next

СДСМ: Предвремени избори нема да има, Мицкоски е заложник на Груевски и Апасиев