Bечер во 10.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека над манастирот „Св.Еремија“ во нас.Пинтија – Скопје билa пронајденa починатa З.Л.(68) од Скопје, за која на 31.12.2022 било пријавено дека се оддалечила од домот.
Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција“, информираат од МВР.
Потсетуваме дека скопјанката Зојка Луковиќ на 31 декември се оддалечи од својот дом во Пинтија и нејзиниот син Маријан со денови трагаше по неа. Тој ги алармира и надлежните органи, надевајќи се дека ќе добие некаква информација за тоа каде се наоѓа таа.