септември 22, 2024

Фрлена експлозивна направа во авто перална во Скопје

На 05.01.2023 во 21.11 часот во Полициската станица Центар, Б.Б.(31) од Скопје пријавил дека две лица кои биле со мотоцикл фрлиле направа во неговата авто перална на бул.„Гоце Делчев“, која предизвикала експлозија од која настанале оштетувања на помошен објект – барака.

Повредени лица нема. За настанот бил известен Јавен обвинител и увид на местото извршила екипа од ЕВР Центар и Бит Пазар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Арсовска на тајните средби, покрај тендерите, нека договорат и мерки за почист воздух

Read Next

Пронајдена почината жената од Пинтија по која трагаше нејзиниот син