ноември 23, 2024

По пауза од две години, повеќе стотици деца учествувааа на возобновената Бадникарска литија во Тетово

По пауза од две години во Тетово се одржа Бадникарска литија на која учесниците поминаа низ градските улици исполнувајќи ја празничната песна „Вечниот Бог“.

Повеќе стотици деца, дел од нив заедно со родителите, учествуваа на литијата која започна од соборната тетовска црква Свети Кирил и Методиј.  По празничната Света Бадникова литургија, од 10:15 тргна движењето на учесниците на Бадниковата литија од јужната порта на црковниот двор до плоштадот, а по тоа до пазарот. Литијата продолжи по булевар „Благоја Тоска“ па се до трговскиот комплекс „Тетовчанка“. Од таму,  назад по булеварот па на улица „Борис Кидрич, покрај Дом на АРМ, позади Центар за култура и назад на плоштадот.

На плоштадот празнично здравичарско обраќање имаше хроничарот Дарко Гавровски – Гавро, а настапи трио Шербет.

-Овој празник ги собра тетовчани заедно во знак на верата и слогата и на традиција. Денеска ја имав честа ја првата здравица на првиот ваков начин на празнување по литијата на заеднички на градскиот плоштад. Мислам дека тетовчани се големи верници и имаат доволно слога меѓу нив да го одржиме оваа како традиција за наредните години кои следат и да го оплемениме со уште поубави настани, изјави Дарко Гавровски.

Сопствениците на угостителските објекти пред нивните објекти подготвија празнични маси со дарови за децата учесниците на литијата. Во Тетово прв пат се одржа бадникова литија во 2017 година, а не се одржа во 2021 и 2022 поради пандемијата.

За вечерва на социјалните медиуми верниците се повикуваат на градскиот плоштад повторно од 18 часот на заедничко народно традиционално чествување по повод Бадник согласно кое децата се маскираат и ја пеат песната „Бдња Баба“.

Read Previous

Честитка од Џафери по повод божиќните празници

Read Next

Најчестите хигиенски грешки ги правиме секојдневно, а не треба