ноември 23, 2024

Честитка од Џафери по повод божиќните празници

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до православните верници по повод  големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ со желби за добро здравје, душевен мир и семејна благосостојба.

-Во овој период од годината кога после Новогодишните празници се празнува еден од централните празници на христијанството, Божиќ, се овозможува повторно на сите граѓани кои го слават, меѓутоа и на сите кои се во нивна близина, сограѓаните, соседите, пријателите и соработниците, да ја почувствуваат магијата што ја создава празничната атмосфера. Тоа е уште една прилика да се почувствуваат топлите прегратки, да се видат широки насмевки и да се чујат убави и благородни мисли на взаемна почит, разбирање, сочувство и солидарност а тие се неопходни во овие времиња на предизвик за човештвото и светот воопшто, наведува Џафери во честитката.

Нека Ве водат позитивни мисли, продолжува Џафери, нека бидат повод да правиме добри дела, заедно, и индивидуално.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Владата фатена во лага

Read Next

По пауза од две години, повеќе стотици деца учествувааа на возобновената Бадникарска литија во Тетово