ноември 23, 2024

Шведска го презема претседавањето со ЕУ

Шведска од денеска го презема европретседавањето. Во наредните шест месеци Стокхолм ќе претседава со Советот на ЕУ и ќе има клучна лидерска и посредничка улога во Унијата.

„Шведска го презема претседавањето во време кога Унијата се соочува со историски предизвици“, рече неодамна премиерот Улф Кристерсон. Безбедноста, отпорноста, просперитетот и демократските вредности и владеењето на правото ќе бидат четирите приоритети на шведското европретседателство.

„Примарната задача на нашето претседателство ќе биде да помогнеме во осигурувањето на безбедноста на Европа. Така, системски ќе помагаме на Украина, но и на тој начин, во сè понебезбедниот свет, ќе ја нагласуваме геополитичката важност на ЕУ“, рече Кристерсон.

Шведска денеска го презеде претседавањето со Советот на ЕУ од Чешка, а на 1 јули функцијата ќе и ја предаде на Шпанија.

Read Previous

Три куќи се урнаа по експлозија на гас во Порт Ричмонд во Филаделфија

Read Next

80 лица завршиле на Ургентниот центар во Скопје