септември 21, 2024

Три куќи се урнаа по експлозија на гас во Порт Ричмонд во Филаделфија

Експлозија на гас што ја потресе населбата Порт Ричмонд во Филаделфија, град на североистокот на САД, предизвика уривање на две куќи и загрозување на структурата на трета зграда, соопшти локалната полиција.

Експлозијата одекнала околу 2:30 часот, јави Си-Би-Ес.

– Тоа беше како видео игра. Урнатини насекаде. Целата куќа спроти нас беше урната. Некако истрчавме таму и се уверивме дека се е во ред. Ги отстранивме урнатините и се погриживме сите да излезат. Малку е страшно затоа што никогаш не знаеш што може да најдеш, изјави очевидец од соседството.

Полицијата потврди дека три лица се пренесени во болница. На снимките од местото на настанот објавени на Твитер се гледа степенот на несреќата, а сведоци од соседството потврдија дека од силината на детонацијата целата населба се тресела.

Read Previous

Велика Британија целосно го прекина увозот на руски течен гас

Read Next

Шведска го презема претседавањето со ЕУ