ноември 23, 2024

Вработените во државните институции во БиХ добија еднократна помош од по 250 евра поради поскапувањата

На вработените во институциите во БиХ ќе им бидат исплатени по 500 конвертибилни марки (околу 250 евра) поради значителното зголемување на индексот на потрошувачките цени во 2022 година.

За оваа цел од овогодишната буџетска резерва на БиХ ќе бидат издвоени 10.750.000 конвертибилни марки, (околу 5,5 милиони евра), одлучи денеска Министерскиот совет.

Членови на Претседателството на БиХ, пратениците и делегатите во Парламентарното собрание на БиХ, претседавачот со Советот на министри, министрите и замениците министри, раководителите и замениците раководители на институциите на БиХ, именувани советници и лица кои немаат статус на вработени во институциите на БиХ немаат право на еднократната помош, соопшти Советот на министри.

Read Previous

Саудиски медиуми: Роналдо потпиша за Ал Наср

Read Next

Ова е единствениот милијардер во Македонија, го откри српски „Недељник“