ноември 27, 2024

Ова е единствениот милијардер во Македонија, го откри српски „Недељник“

Српски „Неделник“ предновогодишно објавува листа со 100 најбогати луѓе во регионот, а откако во првите 10 немаше ниту еден македонски милијардер, во првите 20 има.

Се работи за сопственикот на ИГМ Трејд од Кавадарци, Илија Гечев, со вкупно богатство од една милијарда и 54 милиони евра и е осумнаесетти на листата на најбогатите луѓе во регионот.

Прв на листата е Хрватот Дубравко Гргиќ, водечкиот акционер на Аграм Група со богатство од 2 милијарди и 840 милиони евра, а по него се Србите Миодраг Костиќ со 2 милијарди 779 милиони евра богатство, и Мирослав Мишковиќ која има само 120.000 евра помалку.

„ИГМ Трејд“ е еден од најголемите производители на челични заварени цевки и профили во Југоисточна Европа со комбиниран годишен капацитет од 200.000 тони годишно. Се работи за извозно ориентирана компанија со 95% од вкупното производство продадено надвор од Македонија, на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА.

Read Previous

Вработените во државните институции во БиХ добија еднократна помош од по 250 евра поради поскапувањата

Read Next

Бразил ќе се прости од Пеле во вторник