ноември 23, 2024

Путин го очекува кинескиот претседател во посета напролет

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека очекува кинескиот претседател Си Џинпинг да ја посети Русија напролет, што би било јавна демонстрација на солидарност од Пекинг во услови на руска воена кампања во Украина.

Во воведниот говор од видео-конференцијата меѓу двајцата лидери емитувана на државната телевизија, Путин рече:

„Ве очекуваме, драг претседателе, драг пријателе, ве очекуваме следната пролет во државна посета на Москва“.

Тој рече дека посетата „ќе му ја покаже на светот блискоста на руско-кинеските односи“.

Путин рече дека односите меѓу Русија и Кина стануваат сè поважни како стабилизирачки фактор и дека има за цел да ја продлабочи воената соработка меѓу двете земји.

Read Previous

Мицкоски: Коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица во општините ги кочи проектите и работи на штета на граѓаните

Read Next

Маричиќ: Да останеме доследни на стратешката цел и да ги продолжиме преговорите со ЕУ