ноември 23, 2024

Алијанса за Албанците бара од Антикорупциска да го истражат заменик министерот Буши за сметката во луксузниот хотел во Истанбул

Алијанса за Албанците до Државната комисија за спречување на корупција поднесе пријава за сомневање за корупција против Назим Буши, Заменик министер за внатрешни работи.  Пријавата е поднесена во врска со престојот на Назим Буши во луксузен хотел во Истанбул во октомври 2020 година, престој вреден десетици илјади евра. Откако излезе во јавноста оваа информација, заменик министерот тврдеше дека овој износ е платен од непознати лица. Од Алијанса за Албанците велат дека и да е така, ова претставува подарок што е во спротивност со позитивните прописи, односно дека функционер не може да добива толку скапи подароци.

Read Previous

Спасовски: Да ја направиме заеднички Новата 2023 да ни биде посреќна, помирна и побериќетна

Read Next

Ковачевски: Во новата 2023 година продолжуваме уште подобро и уште поодлучно за сигурна и европска иднина