ноември 24, 2024

Мицкоски: Охрабрени сме што има пратеници од коалицијата во Владата што сакаат да се стави крај на ова владеење

Охрабрени сме што има пратеници од Коалицијата во Владата на ДУИ поддржана од СДСМ, кои праќаат јасни сигнали дека сакаат што побрзо да се стави крај на ова криминално и коруптивно владеење на оваа коалиција и дека се подготвени во Парламентот да поддржат распуштање и организирање предвремени парламентарни избори, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање по извршениот увид во новата градинка во Општина Ѓорче Петров.

Според Мицкоски, конечно можат да зборуваат за 61 пратеник, доколку, како што кажа, немаат некаков притисок во меѓувреме.

– Јас сум охрабрен од сигналите на тие луѓе кои сакаат да видат како Македонија оди напред. За жал во своите редови тоа не го гледаат. Јас ве молам да ме разберете не можам да зборам за повеќе детали, имајќи го предвид фактот дека имаме комплетно „дуизирано“ судство и обвинителство кои заедно со органите на прогон ќе вршат притисок врз тие луѓе, рече Мицкоски.

Претседателот на партијата нагласи дека време е ДУИ после 20 години да замине во опозиција.

– Добро би било и здраво да поминат мандат од четири години во опозиција. За нас прифатливо е да има брзи предвремени избори, а граѓаните ќе одлучат каква е идната влада. Да ги поддржиме тие луѓе кои дадоа вакви сигнали заедно да изгласаме недоверба на оваа Влада и да одиме на предвремени избори, порача Мицкоски.

Прашан околу најавите за премиер Албанец, Мицкоски рече дека за него е најважно оваа Влада да биде поразена, а приоритет да се стави на час поскоро предвремени парламентарни избори.

– Не навлегувам во договорите што ги има ова парламентарно мнозинство. Ако СДСМ смета дека ќе го отстапи местото на ДУИ е нивна работа и одлука. Ако го читаме законот, премиерот треба да е од редовите на најголемата владејачка партија. Тоа е секуднарно прашање, примарно прашање е час поскоро предвремени избори, нагласи Мицкоски.

Во однос на уставните измени, тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ како партија има јасен став – дека овој Парламент нема мандат да менува Устав.

-Доколку ја добиеме централната власт ќе работиме да асфалтираме патишта, да ги вратиме младите, подобра економија и повисоки плати, подобро здравство, тоа е тоа што го ветувавме. Од другата страна, оваа влада потпиша Анекс на Договорот со Бугарија. Очигледно сега нема услови да се промени Уставот. Потребно е час поскоро да бидат одржани предвремени парламентарни избори. Оваа коалиција не може вака да продолжи, повтори тој.

Мицкоски, во одговор на новинарско прашање ја оцени економската состојба во државата како катастрофална.

Read Previous

Џафери: Да се фокусираме на тоа што не обединува – напредокот на државата на евроинтеграцискиот пат

Read Next

Спасовски: Да ја направиме заеднички Новата 2023 да ни биде посреќна, помирна и побериќетна