септември 22, 2024

Бочварски: Владата реализираше 25 милијарди денари капитални инвестиции, најмногу од независноста

„Оваа година имаме 25 милијарди денари капитални инвестиции и ова е најголемото ниво капитални инвестиции од независноста на државата наваму. За преку 40 отсто го зголемивме нивото на капитални инвестиции во споредба со 2014, 2015 и 2016 година“ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во интервју за „Фронтлајн“.

Тој направи споредба со 2014, 2015 и 2016 година, бидејќи претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за некакви големи инвестиции, а тогаш капиталните инвестиции се движеа помеѓу 17 и 18 милијарди денари.

„Во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени и рехабилитирани вкупно 650 километри патишта за десет години, додека оваа Влада за пет изградила и рехабилитирала 1300 километри“ истакна Бочварски и додаде дека со инвестициите во патиштата целосно се смени сликата на целиот источен регион.

Министерот Бочварски истакна дека превојот Плетвар е рехабилитиран после дваесет години, Патот кон Прилеп се гради со забрзана динамика, експерсниот пат од Ранковце кон Крива Паланка се гради по нова делница и траса, се работи и на магистрални правци како што е делницата од Куманово кон Страцин, заедно со обиколницата кај Куманово, како и делницата од Крива Палнака кон границата со Бугарија.

„Завршивме со патниот правец Маврови Анови-Жировница, а работиме на нов патен правец Извор-Гарски мост со што ќе се поврзат Дебар со Кичево. Она што е исто така важно е што работиме на рехабилитација на патиштата кон граничните премини како на пример Битола -Меџитлија и кон Албанија. За локалните патишта кои се под ингеренции на локалната самоуправа имаме издвоено 70 милиони евра. Досега имаме реализирано преку 130 локални патишта во 61 општина.“, истакна Бочварски.

Министерот најави дека наредната година ќе има уште позасилено темпо на градба и ќе се градат автопати во должина од 110 километри на Коридорот 8 и Коридорот 10, каде што спаѓаат делницата Прилеп-Битола од коридорот десет и од коридорот осум Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требеништа-Струга-Ќафасан.
Write to Semi Mehmeti

Read Previous

(Галерија) Дедо Мраз и ѕвездите од цртаните филмови им донесоа новогодишни пакетчиња на децата во Клиниката за детска хирургија

Read Next

Фенербахче сака до го замени Езџан Алиоски со Блинд