На територијата на СВР Велес во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период лани, се бележиме намалување на вкупниот број на кривични дела за 17,14 отсто, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.
Во исто време, според Спасовски, во однос на недозволената трговија со дрога бележиме зголемување во откривачката дејност за 39,1 проценти.
– Позитивниот тренд во 11-те месеци годинава присутен е и во областа на безбедноста во сообраќајот, каде имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди со потешки последици за 4,7 отсто. наведува Спасовски во објавата.