ноември 23, 2024

Пукање во Париз, три лица мртви – се огласи и Макрон

Три лица се убиени, а четири ранети кога 69-годишен маж отвори оган на пешаци во близина на Курдскиот културен центар во центарот на Париз. Напаѓачот веднаш е уапсен, и познат на полицијата затоа што пред една година нападна мигрантски камп.

Трите лица кои се убиени, се членови на курдската заедница во Франција, јавуваат француските медиуми.

Ројтерс пренесува дека во пукањето се ранети четири лица, од кои две во критична состојба.

Според изјавите на сведоците, во моментот на нападот се слушнале осум истрели, и потоа настанал хаос.

Read Previous

Хари Мегваер, од Манчестер се сели во Лондон?!

Read Next

Бислимовски: Надминат е проблемот со „Макпетрол“, компанијата деновиве ќе достави понуди до сите потрошувачи