Поранешниот претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија-Салих Мурат присуствуваше на отворањето на Конференцијата за уставно судство во палатата Долмабахче во Истанбул. За време на Конференцијата, Мурат оствари средба со Претседателот на Република Туркије-Реџеп Тајјип Ердоан. По тој повод, Салих Мурат на својот Фејсбук профил објави: ,, Го изразувам моето задоволство што ја имав честа да присуствувам на Конференцијата за уставно судство во Исламскиот свет, која што ќе биде запамтена во историјата. На конференцијата како почесни гости присуствуваа: почитуваниот претседател на Република Туркије г-дин Реџеп Тајјип Ердоан, актуелниот претседател на Уставниот суд на Република Туркије-проф. др. Зухту Арслан, претседателот на Државниот Совет-Зеки Јигит, министерот за правда во Република Туркије-Бекир Боздаг и Јавниот обвинител на Истанбул-Шабан Јилмаз. Истовремено, искажувам благодарност до мојот ценет пријател, претседател на Република Туркије-г-дин Реџеп Тајјип Ердоан за докажаното пријателство и побратимство помеѓу Република Северна Македонија и Турски земји, како и за дадената поддршка за сите овие години. Во таа насока, му раскажав за прославата на националниот празник ,,21 Декември” и се заблагодарив во име на сите сограѓани за дадената поддршка и интерес. Вечно да е пријателството помеѓу двете држави!