ноември 23, 2024

Дисциплинска постапка против Вилма Рускоска и уште две обвинителки

Обвинителството поведе дисциплинска постапка против поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска поради претресот во Управата за финснсиска полиција.

Освен Русковска, во дисциплинската постапка опфатени се и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска кои од Суд барале наредба за претрес, под наводно лажни основи.

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при ЈОРМ, оценува дека постои основано сомнение дека трите обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда за намерна и неоправдана професионална грешка.

Комисијата сега треба да закаже седница на која ќе треба да бидат повикани обвинителките и екс – директорот на Финансиска, Арафат Муареми кој побара дисциплинска одговорност на обвинителките.

Read Previous

Судењето за „Беса Транс“ се одложи за 2 февруари

Read Next

Поранешниот претседател на Уставниот суд Мурат, се сретна со претседателот Ердоган