ноември 23, 2024

Анкета на ИРИ: Бегалецот Груевски со највисок рејтинг меѓу политичарите во Северна Македонија

Најновата анкета на ИРИ покажа дека поранешниот премиер Никола Груевски се уште ужива најголема популарност меѓу граѓаните во Северна Македонија.

На прашањето „Кога размислувате за луѓето во политичкиот живот, на која личност од Северна Македонија гледате најповолно“, 7% добил Никола Груевски, кој моментално живее во Будимпешта како азилант.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има доверба од 6%, на исто рамниште со Ахмети, а потоа следи премиерот Димитар Ковачевски со 5 проценти, Апасиев, Пендаровски и Касами со 3%, а Заев, Села и Бранко Црвенсковски со 2%.

Анкетиран е национално репрезентативен примерокот од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Анкетата е направена со поддршка на Националниот фонд за демократија (НЕД).

Read Previous

Ковачевски: Владата ќе ги покрие долговите за струја на институции од витално значење, пред сè на здравствените

Read Next

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки