Потребни се брзи и ефикасни решенија за справување со хибридните закани и дојавите за бомби кои се домашен но и светски проблем и директно влијаат на безбедноста – изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на заеднички форум за актуелните меѓународни политички и безбедносни предизвици.
Деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев пак вели дека лажните дојави се продолжение на притисокот за уште повеќе да се разгори економската криза.
извор:TB24