Како што соопштија од полицијата жена од скопската населба Гази Баба вчера во МВР пријавила дека во дворот на нејзината куќа, била физички нападната од сестра си.
Од полицијата во дневниот билтен соопштија дека вчера во 15.00 часот во ПС Гази Баба, 58-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 06.00 часот била нападната во дворот од нивниот семеен дом на подрачјето на Гази Баба по претходна расправија поради нерасчистени имотно – правни односи“.