Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека ставот на Соединетите Држави во однос на иницијативата „Отворен Балкан“ е многу јасен.
-Ние ги поддржуваме сите регионални иницијативи за економска интеграција под два услови. Првиот е да ја доближат Европа и да не се во конфликт со ниту една европска обврска од Берлинскиот процес или кој било друг процес што го води Европа. И второ: сите земји од Западен Балкан да можат да се придружат како полноправни членки“, рече тој во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Досега, како што рече, „Отворен Балкан“ се квалификува по двата од овие критериуми.