Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека интегритетот на Косово го штити целата меѓународна заедница и дека нема причина Албанија да испрати таму полициски сили.
Рама пред седиштето на неговата Социјалистичка партија, по седница на претседателството, на прашањето дали Албанија ќе испрати полициски војници на Косово, доколку се зголемат тензиите на северот на земјата, даде дипломатски одговор.
– Од која причина Албанија да му помогне на Косово со полициски сили и зошто во Косово кое е суверена демократска држава, треба да има полициски сили од други држави на својата територија, што е територија чиј интегритет го штити цела меѓународна заедница? Реално не разбирам зошто вакво прашање, рече Рама.
Според медиуми тоа значи индиректен одговор и на “се понагласените барања на Србија за враќање на нејзините сили на Косово”.