ноември 22, 2024

Од утре автобусите се повлекуваат од раскрсниците – ќе се стационираат само пред Град Скопје

Возачите на приватните автобуси одлучија да се повлечат од крстосниците кај Трговскиот центар „Мавровка“ и Црвен Крст.

Автобусите од утре во 10 часот ќе бидат паркирани само кај бараките на Град Скопје при што ќе бидат блокирани сите ленти на булеварот „Илинденска“.

Возачите настојуваат Град Скопје да го подмири долгот што го има кон нив, бидејќи во спротивно, како што најавуваат, протестите ќе продолжат и во иднина.

Град Скопје утре ќе објави јавен повик за линиите 20 и 22, но возачите велат дека одлучиле да не се пријават.

Додаваат дека просечно долгот изнесува по 6.000 евра за секој од нив за последните месеци.

Инаку, веќе четири дена по ред главните раскрсници во главниот град беа блокирани, што предизвика голем хаос и нетрпение кај учесниците во сообраќајот.

Read Previous

Шенген е именуван по мало село во Луксембург – еве како дошло до таа приказна

Read Next

Трампа на затвореници меѓу САД и Русија на аеродром во Абу Даби: Американска кошаркарка за руски трговец со оружје