Бизнисмени од Сакариа, Турција, предводени од Умит Карајака, претседател на тамошната Стопанска комора, ќе инвестираат и продолжат со својот бизнис во индустриската зона Новаци.
Делегацијата од 24 успешни бизнимени во Турција на средба со градоначалникот Стевче Стевановски во Новаци потврдија дека се подготвени да купат градежно земјиште, а во знак на поддршка општината ќе го зголеми опфатот на индустрската зона и ќе објави оглас за лицитација на земјиштето.
-Сите заедно имаме иста цел, да направиме раст и развој во Општина Новаци, да отвориме нови работни места и да го подобриме квалитот на живот на населението кое гравитира во овие простори и во поширокиот регион. Во рамки на новиот урбанистички план за Новаци, предвидуваме проширување на Индустриската зона затоа што заинтересираноста на потенцијалните инвесритори се зголемува. Ако ја постигнеме оваа цел која ја договоривме со бизнисмените од Турција, тогаш ќе имаме голем дел од Сакариа во Новаци, посочи градоначалникот Стевановски.
Бизнисмените од Турција располагаат со готови проекти за изградба на фабрики и се фокусирани на тексилната индустрија, градежништвото, производство на амбалажа, мебел и делови за автомобилска и дрвна индустрија.
-Посакуваме постапките што ќе следат за продажбата на земјиштето, подготовката на основните проекти за изградба на фабриките, правилата и законските прописи и регулативи да се одвиваат подинамично, за да можеме навреме да ги реализираме нашите стратешки планови, нагласија Карајака, претседател на Стопанската комора во Сакариа.
Општина Новаци со стопанственици и градоначалници од Турција негува пријателски односи подолг времени период.