Земјотрес со јачина од 6,1 степен според европската сеизмичка скала, ја погоди северозападна Турција, во близина на градот Адaпазари кој има популација од 286.000 жители.
Потресот бил на длабочина од 8 километри и регистриран во 4:08 часот по локално време на околу 170 километри источно од најголемиот град Истанбул
Турските власти пријавиле дека земјотресот е со јачина од 5,9 степени.
„Имаме околу 35 повредени, од кои еден е во критична состојба“, рече турскиот министер за здравство Фахретин Коча.
Властите наведоа дека личноста која е пренесена во болница и која е во критична состојба повредите ги здобила со скокање од балкон.