ноември 26, 2024

Се казнува „демнење“ и преку интернет и преку користење на средства за јавно информирање

Новите измени на Кривичниот законик кои беа изгласани на 21.11.2022 го инкриминираат демнењето како ново кривично дело. Со новите одредби се предвидени и санкции за сторителите, а истовремено се обезбедува и заштита за жртвите.

Новиот член од Кривичниот законик, кој беше изгласан вчера гласи:

„Демнење Член 144-а

(1) Тој што повторено неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг, или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање или други средства за комуникација, или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. (2) Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено спрема лице со кое сторителот е или бил во интимна врска или спрема дете, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. (3) Гонењето за делото од ставот (1) на овој член се презема по предлог.“

„За основниот облик на ова дело е пропишана парична казна или затвор до три години за оној што повторено неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг, или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање или други средства за комуникација, или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице. Доколку пак делото е сторено спрема лице со кое сторителот е или бил во интимна врска или спрема дете, пропишана е казна затвор од шест месеци до пет години“, пишува во образложението на предлог измените кои беа изгласани на вчерашната собраниска седница.

Read Previous

Постигнат договор за покачување на платите на вработените во Клинички центар

Read Next

Бугарија е блиску до договор за привремени борбени авиони од Шведска и Франција додека ги чека Ф-16