Годишен раст од 4,3% на вкупните депозити и од 10,1% на вкупната кредитна поддршка во октомври 2022 година.
На годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,3%, во поголем дел како резултат на растот на депозитите на домаќинствата.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 10,1%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.