септември 20, 2024

Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Во раните утрински часови во источните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне на повеќе места ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне облачно со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во вторник ќе дува засилен до силен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот и во среда претпладне се очекуваат нови врнежи од дожд. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди.

Read Previous

Овие навики за пиење кафе ве тераат да стареете побрзо, предупредува диететичар

Read Next

Повторно одложен изборот на шефови на вишите јавни обвинителства во Скопје и Гостивар