ноември 23, 2024

Основниот суд во Елбасан дозволи екстрадиција на Фарук Фатих Озер во Туркије

– Основниот суд во Елбасан одлучи да дозволи екстрадиција на основачот на платформата „Тодекс“, Фарук Фатих Озер во Туркије. Одлука може да се обжали

ЕЛБАСАН

Основниот суд во Елбасан одлучи да дозволи екстрадиција на основачот на платформата „Тодекс“, Фарук Фатих Озер во Туркије. Одлука може да се обжали.

Читајќи ја одлуката на крајот на денешната седница на која не присуствуваше Озер, судијата на случајот, Елис Дине, рече дека судот одлучил да го прифати барањето на Обвинителството во Елбасан да дозволи екстрадиција во Туркије на турскиот државјанин Озер.

„На крајот од судењето за овој случај, судот одлучи да го прифати барањето и да дозволи екстрадиција од Република Албанија во Република Туркије на турскиот државјанин Фарук Фатих Озер. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Апелациониот суд Драч во рок од 15 дена, рок кој почнува од наредниот ден од објавувањето на одлуката“, рече Дине.

Потсетуваме, Обвинителството на Елбасан до Основниот суд во Елбасан го поднесе барањето за екстрадиција во Туркије на турскиот државјанин Озер.

Во моментов Озер е во безбедносна мерка и се наоѓа во затвор во Албанија, додека се води судскиот процес во прв степен поврзан со неговата екстрадиција.

– Случајот против Фарук Фатих Озер

Озер, кој се бараше со црвена потерница од Туркије и беше прогласен за меѓународно барано лице, беше уапсен на 30 август во Албанија и се товари за кривичните дела „Создавање на криминална организација“ и „Измама со тешки последици“.

Турското обвинителство на 22 април 2021 година официјално ја започна истрагата по жалбите на корисниците дека немале пристап до сметките на берзата за криптовалути „Тодекс“ и дека сопственикот на компанијата ја напуштил земјата.

Потоа беше потврдено дека осомничениот сопственик на компанијата, Фарук Фатих Озер, ја напуштил земјата на 20 април 2021 година.

Турските надлежни органи издадоа наредба за апсење за многу осомничени, меѓу кои и Озер, по кого претходно беше распишана потерница.

На 23 април 2021 година, црвена потерница за Озер издаде и Интерпол.

Read Previous

Ердоган му се заблагодари на Путин за конструктивниот став за продолжување на Договорот за жито

Read Next

Приведен странски државјанин поради фалсификувана патна исправа