ноември 22, 2024

Приведен странски државјанин поради фалсификувана патна исправа

На 17.11.2022 во 17.30 часот на Граничниот премин „Богородица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода З.Л.(33) од Република Чешка.
При извршена пасошка контрола било констатирано дека неговата патна исправа била фалсификувана, односно биле направени промени во датумот на важноста.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 378 од Кривичниот законик.

Read Previous

Основниот суд во Елбасан дозволи екстрадиција на Фарук Фатих Озер во Туркије

Read Next

Скопје: Официјално потпишани договорите за новата инвестиција на турската компанија „Текнопанел“