ноември 23, 2024

Уапсени крадци кои извршиле неколку кражби на територијата на Скопје

На 16.11.2022 во 21.15 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар и Единицата за внатрешни работи Карпош ги лишиле од слобода А.И.(24) и В.А.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 16.10.2022 одзеле пари од спортска обложувалница на ул.„Митрополит Тедосиј Гологанов“, на 21.10.2022 со употреба на подесен алат и физичка сила влегле во црквата „Св.Богородица“ на кеј „Димитар Влахов“ и одзеле пари, на 01.11.2022 на ул.„11 Октомври“ со употреба на физичка сила од женско лице од Скопје одзеле паричник, а на 14.11.2022 во подрумски гаражи на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ со закана и употреба на физичка сила од малолетничка од Скопје одзеле пари. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а дел од одземените средства и предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Read Previous

Премиерот Ковачевски пречекан од претседателот Вучиќ, започна Конференцијата за инвестиции во обновливи извори на енергија

Read Next

Зголемен бројот на превезени патници во јавниот превоз