септември 20, 2024

Еко-активистите загрижени за Охрид – „Никој не се грижи за препораките на УНЕСКО“

Неколку невладини организации од Охрид со серија посети на терен и преку примери ќе укажуваат на кои места не се почитуваат препораките на УНЕСКО за зачувување на езерото.

Според активистите, најголем проблем претставува претераната урбанизација, преку која градот со години е деградиран поради лични и бизнис интереси.

Обвинуваат дека локалната и централната власт не преземаат ништо за заштита на културното и природното наследство.

Укажуваат на непочитување на препораките при изградба на станбениот објект за колективно домување на улица „Јане Сандански“. Освен тоа, претставка поднеле и жителите од населбата, кои, пак, обвинија дека е изграден голем објект кој ги загрозува темелите на околните куќи.

Од општина Охрид велат дека утре ќе излезат со официјален став во однос на ваквите обвинувања.

Read Previous

Истражување: Вознемирувачки однесувања на наставници кон ученици

Read Next

Кривична пријава за вработена во болница – одзела картичка од пациент и пазарела со неа во продажни објекти