Денеска (16.11.2022), полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица извршиле службен разговор со С.С.(53) од скопско село, вработена во Градската општа болница „8-ми Септември“.
Таа се сомничи дека од С.М., додека бил на лекување во болницата, одзела платежна картичка и пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката.
Во службениот разговор таа го признала делото. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.