Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, на состаноците со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Аљбин Курти повтори дека косовските Срби треба веднаш да се вратат во институциите на Косово и да продолжат со своите должности, како и дека Косово треба да ги усогласи своите постапки во врска со регистарските таблички со минатите договори од Дијалогот и да започне преговори за формирање на Заедница на српски општини без понатамошно одлагање објави Kosovo online.
За време на средбите, тој исто така рече дека двете страни мора да се ангажираат конструктивно, да покажат подготвеност за компромиси и да ги почитуваат своите обврски од Дијалогот, соопшти прес-службата на Европската унија.
Како што е наведено, целта на средбите била да се решат критичните предизвици во односите меѓу Косово и Србија и дека разговорите биле фокусирани на помагање на страните да најдат итни потребни решенија за актуелната криза и одржување на мирот и стабилноста на теренот.
Тој додаде дека е важно да се воздржиме од какви било еднострани дејствија.