Авион на компанијата Емирати што од Атина попладнево полетал за Њујорк, откако стигнал над Италија, се вратил во Грција.
Како што се процедурите во вакви случаи, на враќање за Атина беше придружуван од два авиона Ф-16.
Втор авион воопшто и не полетал од атинскиот аеродром „Елефтерос Венизелос“.откако грчките власти добиле информација од САД за сомнителен арапски патник.
Авионот кој требаше да полета за Дубаи остана на пистата и сите патници биле проверени и од полицијата и антитерористичките единици и не било пронајдено ништо сомнително.
Авионот веќе слета на атинскиот аеродром и проверките се во тек.