ноември 22, 2024

Ќе се отвораат 23 канцеларии во земјава за контакт со иселениците

Припадниците на нашата дијаспора повеќе нема да мора да лутаат по ходниците низ институциите за време на нивниот престој во матичната држава.

Во 23 општини во државата ќе бидат отворени Канцеларии за дијаспората.

Истите ќе имаат посредничка улога и би служеле како центри во кои на припадниците од дијаспората им се овозможува и олеснува пристапот до потребните информации и добивање дополнителни насоки за соодветните постапки пред надлежните институции.

Општина Штип денес го потпиша Договорот за соработка во кој гледаат можност за полесно и побрзо остварување на одредени права за граѓаните кои живеат надвор од границите на државата. 

Инаку, проектот е дел од Националната стратегија за дијаспора на Владата.

Read Previous

Грковска: За реформите во образованието да изградиме консензус, веќе немаме право на грешки

Read Next

ССМ: Претседателот на синдикатот на „Водовод“ незаконски е избркан од работа