По 10 дена се очекува граѓаните да ги купуваат основни прехранбени производи по пониска цена од 5 до 12%, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Тој додаде дека позначително намалување на цените се очекува по 1 декември, а тоа се должи на субвенционирањето на цената на струјата за производителите на овие прехранбени производи.
Во случај граѓаните да забележат дека нема попуст на рафтовите во маркетите, да ги пријават во Државниот пазарен инспекторат, апелира Бектеши.
Од 1 јануари се очекува да има поскапување на струјата, но Бектеши уверува дека зголемувањето нема да биде драстично.
Бектеши рече дека утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе се прошири списокот на активности кои ќе бидат поддржани од Владата согласно барањата на Стопанската комора и целиот синџир на месната индустрија ќе добие субвенционирана електрична енергија.