септември 26, 2024

Фон дер Лајен: Добро е што ги видов сите партнери од Западен Балкан на едно место

Тука сме за да ја продлабочиме нашата економска интеграција, започнувајќи од енергијата, напиша денеска на Твитер шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред почетокот на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан на кој учествува и таа.

Во објавата на Твитер, Фон дер Лајен објави заедничка фотографија со лидерите на земјите на Западен Балкан и останатите учесници на Самитот и напиша дека ѝ е мило оти ги гледа партнерите од земјите на Балканот во Берлин, една недела по нејзината посета на регионот.

„Добро е што ги видов сите партнери од Западен Балкан во Берлин, една недела по мојата посета на регионот. Тука сме за да ја продлабочиме нашата економска интеграција, почнувајќи со енергијата. Нашиот пакет за енергетска поддршка од една милијарда евра за Западен Балкан ќе ни помогне да ја обликуваме нашата заедничка енергетска иднина“, пишува Фон дер Лајен на Твитер.

Read Previous

Лука Дончич пишува историја во НБА

Read Next

Јонуз: Познавам Бугари на кои дете би им оставил да ми чуваат, народ за респект