ноември 22, 2024

Лука Дончич пишува историја во НБА

Словенечкиот кошаркарски ас Лука Дончиќ ја продолжи серијата со триесет и повеќе поени на стартот од НБА лигата, и повторно беше најдобар поединец на Далас Маверикс во победата над Јута од 103-100. Со овој успех Лука Дончиќ стана првиот играч од сезоната 1962/63, кој постигнал триесет или повеќе поени во седум воведни натпревари во НБА лигата. Словенечкиот репрезентативец влезе во одбраното друштво, а освен него овој подвиг го постигнаа само уште двајца играчи во историјата.

Легендарниот Вилт Чембрлен го држи рекордот, откако во гореспоменатата сезона 1962/63 успеа да постигне триесет или повеќе поени во првите 23 натпревари од сезоната. Ваква неверојатна серија како Дончиќ имаше и Џек Твајман во сезоната 1959/60.

Секако, словенечкиот плејмејкер повторно беше најдобар поединец на натпреварот во кој Далас славеше против Јута. Тој постигна 33 поени, со пет скока и 11 асистенции, „дабл-дабл“ учинок имаше и неговиот соиграч Вуд со 21 поен и десет скока. На другата страна кај поразениот тим најдобар беше Кларксон со 22 поени, пет скока и осум асистенции, а Секстон постигна 19 поени.

Read Previous

Битиќи: Свесни сме дека мора да има одредено покачување на струјата

Read Next

Фон дер Лајен: Добро е што ги видов сите партнери од Западен Балкан на едно место